На светската мапа на модната индустрија Тајван со децении е познат по произведството на функционална облека. Занаетчиството постои долго време, а она што е ново и е претставено на штотуку завршената модна недела на Тајпеј(Taipei Fashion Week), е настојувањето на организаторите за осовременување. Имено, ниту Тајпеј неможе да избега од сегашниот тренд на одржливост, па затоа главните теми на претставеното вклучуваа одржливост, функционалност, но и различност, како посебен фокус.
Токму тоа сакаше да го покаже Модната недела во Тајпеј: изобилството на различности, заедно со можностите инфраструктурата на работните модни локации поради кои настаните беа релизирани во текот на две недели, на повеќе локации.
На отворањето, брендовите интегрираа различни традиционални уметнички изведби во нивните поставки и дизајни; така на ревијата на New Breed, заедно се претставија млади таленти како и различни модни школи; за ревијата на Taipei Sustainable Collection, модни брендови који промовираат одржливост, преставија резултати од соработката со тајванските производители на текстил којиразвија еколошки ткаенини за прикажаните колекции.
Со неколку исклучоци, прикажаните колекции беа погодни за носење, што ја покажува нивната претпазливост за напуштање на функционалната облека, каде што се и самоуверени и силни, кога е во прашање револуционерна мода.
Некои од највпечатливите моменти на модната недела во Тајпеј (Taipei Fashion Week)
Just In XX на Justin Yu-Ying Chou, најпознатиот тајвански дизајнер.
Колекцијата насловена како Just In XX, дело на тајванскиот дизајнер Justin Yu-Ying Chou, претставува манифестација на коегзистенција на спортската мода и уметноста на тајванските храмови. Резултат е на чуден и забавен уличнен-панк стил и елементи на традиционалната опера.
Најбараниот водечки тајвански дизајнер, ангажиран и за светските брендови како што се Nike, Uniqlo и Levi’s, својата колекција Just In XX ја претстави на инаугуративното шоу во Таинан, во неверојатен амбиент – комбинација од слики од храмовите и омилените цртежи на студентите.
Justin Yu-Ying Chou е специјализиран за комбинирање на високата мода со тајванската изработка а од медиумите беше поздравен како гениј за дизајни на кросовер.
Zeit x Chow des Homme – унисекс либерализам
Zeit x Comme des Homme е коекцијата создадена восоработка помеѓу дизајнерката на накит Ana Wang, со нејзината фирма zeit, која постои од 2020 година, и дизајнерот Billy Chow, кој истата година ја основа својата Chow des Homme. Колекцијата есен/зима 2023 е инспирирана од тематиката на либерализмот, што е првиот чекор за двата бренда да имаат директен контакт со крајните купувачи, од процесот на дизајнирање до модна ревија. Колекцијата содржи архитектонски контури, чисти резови, метален хардвер и силен визуелен фокус. Дополнително, куповите од ткаенина и мазната метална површина во повеќеслојни композиции е за да се нагласи и одржи футуристичкиот стил на брендот. Како што откриваатдизајнерите, тие главно се занимавале со тоа како да вградат додатоци во облеката. Дизајнираат унисекс колекцијата, со парчињата што може да ги носи секој којшто се чувствува удобно во неа. или со свои брендови.
Fuyue – интегрирање на таоизмот со уметноста во облекувањето
Fuyue годинава го имаше своето деби на модната недела, иако е основана во 2012 година од Shun-min Wang и Yun-sin Peng – двајцата дипломирани на Универзитетот за уметности во Лондон. Брендот отелотворува спој на источни и западни концепти, интегрирајќи ја естетската филозофија на таоизмот со уметноста што ги надминува времето и просторот. Секоја сезона, брендот црпи инспирација од уметноста и животните моменти кои го инспирираат и движат во сегашноста.
Нивната колекција, насловена како „Носам погрешна облека„, е референца за забавни моменти кога луѓето случајно носат погрешна облека и се фокусира на набљудување на овие „погрешни“ услови за да се создаде линија на облека. Намерата е да се преиспита што точно не е во ред, или уште подобро да се охрабри носителот да се ослободи од нивните наметнати модни ограничувања. Многу јасна порака на колекцијата: бидете свои и носете го она што прави да се чувствувате добро!
Claudia Wang – менување на формите на деконструираните кроеви
Claudia Wang истоимениот бренд го има основано во 2020-та година, во настојување да се создаде уметнички тотем и виртуелно шоу преку примена на 3D технологијата.
Темата на претставената колекција, Civilization of Love, ја користи виртуелната интелектуална сопственост на брендот за да го изрази прифаќањето на модата и на општеството кон „другите“ форми и идентитети на телото. Приказните со боји се користат и за претставување на хармонијата на јин и јанг. Имено, колекцијата оваа сезона ја карактеризираатвешто комбинирани, богати и смели боји.
Деконструираните кроеви кои во колекцијата ги менуваат формите на телото можат да комбинираат секакви форми и да си играат со боите.
Charinyeh – флексибилноста и предизвиците на животот
Charin Yeh е дизајнерката која стоји зад истоимената етикета, основана во 1985 година. Брендот е дел од успешена локалната модна сцена, со свои бројнипродавници, како и присуство во други, концептуални продавници.
Првиот фустан што го направила како дете бил од вреќа за ѓубриво, затоа што нив ги имало на фармата. Патувајќи низ светот, таа стекнала повеќе искуства кои секогаш ги вградувала во своите колекции. Во колекцијата есен/зима 2023 , насловена како Land of Nowhere, дизајнерката ја развива темата за дистопијата на само-размислувањето. Вештачки создадената магла услови моделите да бидат како на облаците, со идеја да се создаде имиџ на интелектуалец кој реагира флексибилно на предизвиците на животот./M.M.