Како бренд секогаш поврзан со подарувањата и со празниците, Swarovski и годинава ја претстави својата празнична колекција на оригинален накит и блескави украси за домот.
Во рамките на колекцијата Swarovski Holiday може да се види голем избор на декадентен накит, создаден од Gjovana Engelbert, креативниот директор на брендот.
Сезоната на празници подразбира средби кои добиваат на значење, особено по изминатите години, вели таа. Горди сме што можеме да го оживееме тоа чувство на топлина преку нашата празнична програма. Нашата цел е да се вратиме на она чувство на радосна магија што живее во срцето на сезоната на празници.
Од светли парчиња во форма на ѕвезда, од колекцијата Stella, до прстени Vittore и Magic приврзоци или ѓердани со силуети на ангели – сето е дел од колекцијата што може да се комбинира за да создадете единствен, оригинален впечаток. Оваа година, освен клаични украси за домот, Swarovski подготви и кристални варијации за одделни предмети./M.M. https://www.swarovski.com/en-AA/