Stephen Jones во соработка со G-Star RAW, холандскиот бренд за облека, создадоа колекција на шапки направени од тексас.
Колекцијата се состои од пет „couture„ модели на шапки, а два се „ready-to-wear„ изработени согласно Cradle to Cradle сертификатот.
Од G-Star RAW истакнуваат дека шапките од оваа колекција се креирани и изработени од тексас платно, без притоа да се наруши ниту еден од сложените детали карактеристични за високата мода.
Испирајќи се од своите претходни модни креации, Jones посочува дека иако сите ширум светот знаат што означува тексас, овој пат материјалот е изваден од комфорната зона и од него се создадени сосема несекојдневни модели, благодарение и на креативната слобода од страна на партнерите од G-Star.
Модната линија на шапките вклучува модел наречен The Cloche Cape, кој е реминисенција на тексас шапката за сонце со штепови по ободот, сега продолжена до подот во задниот дел. Шапката во слоеви е компонирана од 11 тексас шапки, наредени една врз друга, секоја малку повеќе спуштена од онаа под неа.
Моделите имаат контрастни шевови, во златен тон, што често се среќава кај тексас облеката.
Секој производ од колекцијата е изработен согласно принципите на одржливоста, во секоја од фазите – од суровините до финалниот производ, без притоа да се нарушат ексклузивноста и извонредната изработка на производите.
Stephen Jones е бритнаски милионер кој е на модната сцена од 1970-тите и има соработувано со Vivienne Westwood, Dior и Rei Kawakubo. Има правено облека за принцезата Diana, Mick Jagger и Lady Gaga./М.М.