Stéphane Rolland

Stéphane Rolland претставува нов модерен естетски идеал, комплексна, но секогаш беспрекорна, систематски графичка и скулпторска силуета која се прилагодува на животот на модерната жена.

Stéphane Rolland

Препознатлив по неговите инспирации поврзани со модерната уметност и архитектура, Stéphane Rolland, обдарен со силна чувствителност за просторот и светлината, создава уникатни, ексклузивни уметнички дела комбинирајќи ја високата мода со современиот начин на живот.

Уметникот Stéphane Rolland  ја изразува својата креативност преку широк спектар на уметнички медиуми како скулптура, фотографија, сликање и секако облека, неговата примарна страст.

Stéphane Rolland

Со соработка на најпознатите занаетчии од Париз и многу уметници, тој се обидува да интегрира нови материјали комбинирајќи софистицираност, релјеф и уметност. Stéphane Rolland  носи нов и визионерски агол за индустријата која датира повеќе од 150 години. Колекциите што ги создава со право го носат епитетот безбременски. За 14 години, колку што создава во својот бренд и искуство од најмалку исто толку години во водечки париски модни куќи Stéphane Rolland создава модни симфонии во бело и црно, облека што и по децении изгледа како да е за утре.

Stéphane Rolland

Својата најнова колекција на висока мода, за есен/ зима 2021/22, Stéphane Rolland ја претстави низ моден филм, снимен на дивите брегови на Баскија поради, како што истакнува, неговата автентичноста на просторот и природата, со камени sидови и морето, како најдобра модна писта.

https://www.stephanerolland.com/

Новата колекција, наречена  Water and Stone е поттикната од драматичното крајбрежје на Баскија, а се потпира на творештвото на Béatrice Serre, авангарден  мозаичен уметник Беатрис. Таа користи камен кристал, пирит, лапис лазули, опал, па дури и метеорит. Воден од нејзиниот опус дизајнерот создаде модни изгледи и колекција кафтани и џелабас во која моделите на високата мода имаат потпис на минимализам, но со впечатливи современи везови и уникатен накит.

Stéphane Rolland

Во изгледите на Stéphane Rolland  наметките во форма на трапез се мешаат со долги туники и скулпторски кринолини. Мозаици од кристал, мермер, камен, како и уникатни везови се користат за украсување на деколтето, ракавите и рабовите на бистата.

Моделите ги носи шпанската манекенка и телевизиска водителка, Nieves Álvarez за која Stéphane Rolland  вели дека нејзиното присуство ја анимира неговата работа.

Таа е кралица на мојата колекција и има причина за тоа, вели Rolland. Тоа е многу повеќе од соработка –  таа е навистина одраз на мојот израз и го има она нешто што неможам да го најдам на друго место./М.М.

Stéphane Rolland

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.