Насловена како „Horse Power“, есенската колекцијата на Stella McCartney оди подалеку од името и позадината за промотивната ревија: има и принтови од коњи и графики на блузи и фустани кои потсетуваат на една од најзначајните колекции на дизајнерката, уште од времето кога таа работеше во Chloé, пред две децении.
Зборувајќи за поривите и инспирацијата, дизајнерката ќе забележи дека има толку многу кожа, пердуви и крзно на пистата, особено во зимо, што таа со колекцијата сакала да покаже дека сето може да се направи на поинаков начин. Не треба да убиете ништо, истакна Stella McCartney по нејзината ревија.
Како да е затворен само еден дел од тркачката патека, присутните седеа на посебни седишта кога пред ревијата истрчаа седум коњи, кои требаа да бидат смирени, за буквално да им направат пат на моделите со новата колекција.
За сезоната есен 2023 година, преставена на париската модна недела ( Paris Fashion Week ) Stella McCartney се придржува кон претежно неутрална палета, со само малку портокалово-црвена боја. Брендот е фокусиран на основните силуети, како дводелни костуми и миди здолништа. Чизмите се над колена, често комбинирани со мини или врвови низ шлицот на подолг фустан. Синџири со густа плетенка ги красат фустаните, наметките и чантите.
Stella McCartney е веган, но и некој кој верува во хармонични односи меѓу луѓето и животните. Запрашана да го елаборира односот помеѓу колекцијата и коњите, Stella McCartney во шега вели дека главната врска е дека тие се живи и облеката не убила ништо. Покрај исцрпната листа на одржливи материјали на ревијата се преставени три нови чанти, создадени од најсовремени алтернативи на животинската кожа: една од растителен материјал MIRIUM; другата е изработена во крок-ефект „јаболко кожа„ направена од отпад од јаболка; а трета е првата Mylo торба направена од бела верзија на материјалот од печурки./М.М.