Британската модна дизајнерка Stella McCartney ја врати целосната контрола врз нејзината истоимена модна куќа. Таа го откупи малцинскиот дел акции од LVMH, враќајќи ја така контролата над брендот. Одлуката означува ново поглавје за брендот, дозволувајќи и на Stella McCartney самостојно да решава за својата иднина. Сепак, McCartney останува глобален амбасадор на LVMH групацијата, како и нејзин советник во доменот на одржливоста.
Во вчерашнто соопштение McCartney истакна дека по пет години целосна соработка ги има откупено своите акции од групацијата LVMH .
Според изјавата испратена од LVMH, предводена од Bernard Arnault, реаквизицијата е одраз на „желбата на Stella McCartney да напише нова страница на нејзината приказна, откако тесно соработуваше со Групацијата, за зајакнување на основите и на управувањето со нејзиниот дом. ”
Соопштението доаѓа и по објавата на PETA за прогласување на модната куќа Stella McCartney за „водечки бренд за луксузни, одржливи и вегански производи“ од провеганското здружение PETA. Stella Mc Cartney е именувана за личност на годината (“Person of the Year 2024” by PETA).
PETA ( People for the Ethical Treatment of Animals), е организација посветена на спречување на страдањето на животните во различни индустрии, вклучувајќи лаборатории, храна, облека и забава. Работи на подобрување на квалитетот на животот на животните и се залага за научни испитувања без животни, истакнувајќи ја важноста на благосостојбата на животните во корпоративните и во законодавните реформи./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.