На 26-ти и 27-ми август, во хотел Парк, во Скопје, ќе се одржува  Skopje Tattoo Show 2023, настан на кој се очекува да гостуваат бројни познати домашни и странски тату артисти, а и да собере ентузијасти за тетоважи, уметници и љубопитни умови од целиот свет.

Посетителите ќе можат да видат како работат овие мајстори и, доколку имаат желба, да се тетовираат.

Настанот е со натпреварувачки карактер. Двата дена ќе бидат преполни со натпревари, за на крајот да бидат доделени награди за најдобрите тетоважи, во повеќе различни категории.

Освен тетовирање, на Skopje Tattoo Show ќе има и музика: ќе настапат бендот Shugarfree, DJ Goce и DJ Strajk и танцов перформанс.

Од придружните настани и работилници ја издвојуваме изложбата на македонскиот уметник Михаел Корубин, како и предавањето на м-р Ивана Хаџиванова на темата: „Под површината – Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност”.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.