Преземањата на Signal апликацијата се зголемија за 4.200% откако WhatsApp објави дека ќе ги принуди корисниците да споделуваат лични податоци со Facebook.
Signal бесплатната апликација, која инаку најмногу ја користат новинари и активисти за човекови права, сега е на врвот на Google и на Apple продавниците за апликации. Во неделата, апликацијата Signal беше инсталирана од околу 810.000 луѓе ширум светот, речиси 18 пати повеќе отколку на шести јануари, кога WhatsApp ја ажурираше својата политика за приватност, покажуваат податоците на истражувањето на компанијата Apptopia.
Бизнис Инсајдер објави дека WhatsApp според новата политика за приватност има право да споделува кориснички податоци, вклучително и локација и телефонски број, со Facebook, Instagram и Messenger. Застапниците на правото на приватност го критикуваат овој потег, а многу активисти предложија корисниците да побараат други платформи./М.М.