Forbеs се навраќа деновиве на холивудската актерка Marilyn Monroe, по два повода: нејзиниот проѕирен фустан што го носеше Ким Кардашијан, како и нејзиниот портрет на поп-уметникот Andy Warhol.

Славниот портрет на свила “Shot Sage Blue Marilyn“ од 1964 година, на авторот Andy Warhol е продаден на аукцијија на анонимен купувач за 195 милиони долари, со што е поставена нова рекордна цена на уметничко дело на некој американски автор. „Ја продадовме најскапата слика на 20. век“, изјавија од Christie по аукцијата.


Досега за најскапа продажба се сметаше делото на Jean-Mishelle Basquiat, вредно 110,5 милиони долари, купено од јапонскиот милијардер Jusaku Maezava, на аукција на Sotheby во 2017 година.
Според пишувањето на Forbеs,”Shot Sage Blue Marilyn“ е создадена две години по ненадејната смрт на славната холивудска актерка./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.