Bvlgari

Мултимедијалната скулптура на Refik Anadol – сместена во срцето на Милано, на Пјаца Дуомо и создадена со употреба на вештачка интелигенција – ја слави бесконечната метаморфоза на Serpenti, иконата на накитот на  Bvlgari.

Snakes Metamorphosis, мултимедијалната инсталација на познатиот уметник Refik Anadol, дизајнирана за Bulgari и реализирана благодарение на софистицираниот систем на вештачка интелигенција, преставува извонредно шоу, инспирирано од концептот на метаморфоза, како променливите форми на природата и креативноста на различните колекции на Serpenti накитот.

Безвременскиот симбол на трансформација и незапирлива еволуција, (Serpenti) змијата на Bvlgari поминува низ нова и фасцинантна метаморфоза за да му испрати на светот порака за желба за преродба и убавина. За да се поклони на неисцрпната креативност на колекцијата Snakes, Bulgari го покани наградуваниот медиа уметник и режисер Refik Anadol да создаде дело инспирирано од концептот на метаморфоза, претставено со неговиот иконски знак за змијата. Импресивната и мулти – сензорна скулптура направена со вештачка интелигенција, Snakes Metamorphosis  ја слави убавината на природата преку преработка и трансформација на податоците обработени со алгоритми во извонредно искуство – токму како што Bvlgari ги обликува најретките и најскапоцените суровини во прекрасни и изненадувачки креации.

Посетата на бутикот и дополнителните информации се закажува на следниов линк:  https://events-bulgari.force.com/s/?language=it

Сhiara Ferragni беше поканета како кума на отворањето на скулптурата, ја престави инсталацијата, како и герданот од колекцијата Serpenti. Своето искуство го подели и на Инстаграм./М.М.

You may also like

Comments are closed.