Скопје, 29. март 2021. година – Компанијата Samsung Electronics објави дека годинешната Neo QLED серија на телевизори е добитник на првиот официјален сертификат за гејминг во ТВ индустријата. Станува збор за Gaming TV Performance сертификатот, што го издава познатиот германски инженерски институт Verband Deutscher Elektrotechniker, а Neo QLED телевизорите заслужено се здобија со истиот, благодарение на намалувањето во доцнењето на одзивот од 10 ms, HDR технологијата, како и приказот на светлина поголема од 1000 нити.
„Сè повеќе гејмери бараат и очекуваат максимум од своите телевизори, кога се работи за големина на екранот и врвен квалитет на сликата. Тоа се некои од главните насоки при купување на нов телевизор, а Samsung го препозна истото и продолжува со развој на телевизиските иновации, кои ќе ги задоволат и најспецифичните корисници“, изјави Yonghoon Choi, потпретседател на Одделението за визуелни решенија во компанијата Samsung Electronics.
Neo QLED моделите на телевизори, кои се здобија со сертификат, се QN900, QN800, QN90 и QN85, по ригорозни тестови за перформансите и стрес-тестови на хардверот. Покрај клучните карактеристики, како намалување на доцнењето на одзивот од 10ms, поддршката за HDR и нивото на приказот на светлина над 1000 нити, Neo QLED телевизорите се одликуваат и со брзина на освежување на сликата од 120 Hz, благодарение на Motion Xcelerator Turbo+ технологијата, како и волумен на бојата од 100 нити и сооднос од 21:9, односно 32:9. Телевизорот лесно се префрла во гејминг начин на работа со помош на Game View и Game Bar опцијата, а врвниот квалитет на звукот обезбедува Object Tracking Sound+, технологија која следи движење на објекти по екранот и прецизно го репродуцира звукот за максимално реалистично чувство.
####
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.