Earth Top Handle чантата на Salvatore Ferragamo е целосно направена од одржливи материјали. Инспирацијата потекнува од култната Top Handle чанта, што Fiamma Ferragamo ја има креирано во текот на деведесетите, а беше позната по својот дизајн и функционалности.
Создадена во ограничено издание Earth Top Handle ја олицетворува посветеноста на компанијата за подобрување и иновации, како и посветеноста кон одговорниот деловен модел, базирана на италијанската занатска вештина и почитта кон човековата околина.
Earth Top Handle е направена од плута со сертифицикат FSC, има етеричен облик и текстура затоа што е направена од природни и обновливи ресурси, со кои не се оштетуваат дрвјата. Освен плута во изработката е користено и платно – од природен и биоразградлив материјал. Затворањето е решено преку од 100% рециклиран полиестер, а бојата усовршена со третмани на база на вода.
Со својата торба од плута брендот се придружи на се поголемата група модни куќи кои своето производство почнаа да го ставаат во функција на иднината и на заштитата на човековата околина.
Повеќе големи модни куќи, вклучувајќи ги McCartney, Adidas, и Gucci, со матичната компанија Kering, лани формираа конзорциум и инвестираа за да го зголемат производството на мицелиј кожната алтернатива. Само неколку месеци подоцна, модната куќа Hermes, како и два бренда од конзорцијумот на Kering, ги промовираа своите производи создадени од мицелиј кожна алтернатива.
Првин Hermes го претстави својот исчекор кон светот на одржливи алтернативи на кожата. Славната модна куќа се здружи со стартап компанијата MycoWorks од Калифорнија, за развој на еколошката верзија на класичната чанта Викторија, создадена од кожа на база на печурки. Работејќи со MycoWorks, Хермес го патентираше Fine Mycelium, текстилот добиен од печурки и го трансформира во материјал сличен на кожата, наречен Sylvania. Модната куќа користеше Sylvania како основа за новата чанта Hermes – Викторија.
Уште од 2018 година, од создавањето, Mylo вештачката кожа, дизајнерката Stella McCartney ја промовира торбата Falabella, преставена на изложбата Fashioned From Nature, од V&A.
По нив и Adidas го откри концептот за своите први еколошки патики создадени од вештачка кожа од печурки, именувани како „Stan Smith Mylo“. Материјалот е создаден од коренската структура на печурките и наречен “Unleather”./М.М.