IKEA настојува низ нов коцепт на храна, наречен Saluhall, да покаже дека храната од растително потекло може да биде хранлива, но и навистина вкусна.

Концептот се вика Saluhall, во чест на традиционалните скандинавски пазари. Како што објави Forbes, 80 проценти од сервираната храна ќе биде од растително потекло, а 40 проценти од храната ќе бидат од нордиско потекло. Сите операцији поврзани со храната ќе бидат без употреба на пластика, а ниту отпадот нема да се испраќа на депонија.
Saluhall локациите ќе се отвораат воглавно на помалите градски центри, наместо во големите IKEA комплекси. Всушност, од скоро IKEA започна да отвора помали„локални“ продавници, така што новиот концепт всушност претставува флексибилно надополнување.

Во 2020 година IKEA објави дека до 2025 година ќе направи 50 проценти од храната во кантината и 80 проценти од малопродажбата ќе бидат од растително потекло, за да се исполнат целите на одржливоста. Инаку, IKEA ширум светот забрзано ги проширува своите менија засновани на растителни производи, со седум нови вегански оброци во Јапонија, вегански џози во Сингапур и ќофтиња од растително потекло во Канада.
Во компанијата истакуваат дека IKEA настојува да направи здрав и одржлив избор како најпосакувана опција, покажувајќи дека храната од растително потекло може да биде навистина вкусна. Истражувањата ја потврдуваат важноста одржливите производи да се направат достапни и посакувани./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.