Saint Laurent

Julianne Moore, Chloë Sevigny, Charlotte Gainsbourg, Indya Moore и Leo Reilly учествуваат во девет-минутен филм со кој е претставена најновата, летна колекција  на Saint Laurent. Краткиот, експериментален филм, го потпишува Jim Jarmusch, под наслов „Француска вода„. https://www.ysl.com/en-en

Saint Laurent

Деветминутната приказна се одвива за време на вечера, со еден осамен конобар, кој послужува француска вода. Го игра Reilly, додека ги набљудува гостинките со потпетици (Julianne Moore, Chloë Sevigny, Indya Moorе) додека ја бараат Charlotte Gainsbourg, низ место на одржувањето на вечерата. Актерките постојано ги менуваат ансамблите, а секоја носи парчиња од колекцијата за пролет/лето 2021 година.

 

„Забавата со вечера е завршена“, гласи официјалниот опис на филмот. “Осамениот конобар збунето ги гледа гостите како ја бараат Charlotte. Мистериозната, домаќинка постојано исчезнува и се појавува. Заплетканата приказна со моделите што се појавуваат и исчезнуваат се до своевидно вертиго, а просторот и времето прекрасно се вртат – во вечноста “./М.М.

Saint Laurent

Моделите од колекцијата, подготвени за носење можат  да се видат и на следниов линк https://www.ysl.com/en-en/search?cgid=w-summer21-looks&prefn1=akeneo_markDownInto&prefv1=no_season&prefn2=countryInclusion&prefv2=ZW&start=24&sz=12

Saint Laurent

Saint Laurent

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.