За Vaccarello, секој човек ги убива работите што ги сака – па така и ја нарекува машката колекција на Saint Laurent : Each Man Kills the Things He Loves.

За претставување на својата машка колекција, наменета за сезоните пролет/лето 2024 година, Anthony Vaccarello – уметничкиот директор на Saint Laurent, го одбра просторот на Neue Nationalgalerie (музејот на современата уметност) во Берлин.

Овој пат Vaccarello промовира импресивно кроење на палта со широки раменици и тесни пантолани, кошули со долги шалови како и блузи и маици со голо рамо.

Кога ќе заминете од ова модно шоу, сакам во вашата главада ја имате јасна силуетата, вели дизајнерот, објаснувајќи ја колекцијата зад сцената. Тоа е дизајнерскиот пристап во секој од претставените 50 изгледи – внимателен, концизен – вистински YSL. Доминира извонредната тензија помеѓу кроењето и ткаенината, отсликувајќи сензуално мека облека.

Почнав да ја градам колекцијата околу силуетите на женитешто сега ги носат мажите, вели Vaccarello. Започнав многу класично, за потоа да ги разиграм кодовите на машкоста.

Размената помеѓу женските и машки кодови се одвива низделикатни сатенски блузи со длабоки деколтеа, под шарените јакни, а и панталоните – високи и тесни на половината, а исечени на глуждовите за да се покажат чизмите со потпетици. Тука се и леопард дамките, во сензуално обвиткани кошули или, во прозаичен црн дуксер преобразен во моден вечерен изглед, што се лизга од рамениците.

 

Идеите испитани во неодамнешните колекции на Saint Laurent се повторуваат и развиваат, се вели во белешките за колекцијата. Пред сè, слободата на интеракција помеѓу елементи кои се сметаат за машки и женски. Одгласите одпоследната презентација на женската облека на Saint Laurent се појавуваат во нови конфигурации. /М.М.

Претставувањето на колекцијата е на следниов линк: 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.