По Jared Leto и Harry Styles, сега и Ryan Gosling станува член на семејството Gucci.

Холивудскиот актер и музичар е новото заштитно лице на кампања за Gucci Valigerа. Кампањата се темели на патувачката културата на патувања, на која почива и се создава историјата на брендот.
Креативниот директор на куќата, Alessandro Michele, го претставува Ryan Gosling низ објективот на фотографот Glen Luchford. Според неговата замисла во кампањата се спојуваат светот на соништата и реалноста, преку откривање на нови светови.

За Gucci, патувањето никогаш не било чисто физичка сензација.
Gucci е и бренд што ги придружува холивудските уметници, писатели, актери и режисери на нивните патувања…
Сакав рекламната кампања да раскаже приказна во која главниот лик патува низ „не-место“ кое пред се е ментално место. Затоа, куферот на Гучи се чувствува и како магичен куфер“, вели Alessandro Michele.
Вреди да се истакне дека основачот, Guccio Gucci, својата кариера ја има започнато токму со предмети од кожа, меѓу кои е и багажот. Тој едноставно бил инспириран од префинетоста на комплетите за патување, додека бил батлер во хотелот Савој во Лондон./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.