Roth Architecture студиото изгради креативна лабораторија со органски облик, од бетон и влакна од палми, во форма поттикната од „уметничката волја на природата“.
Наречен Fab Lab, креативниот простор на Roth Architecture е канцелариско и креативно катче сместено во Тулум, на полуостровот Јукатан, во Средна Америка.
Од студиото велат дека создаваат водени од шарите на природата и волјата на уметноста.
Инспирацијата за зградата како и за многу конструкции на студиото се органските, неправилни, но сепак хармонични форми од самата природа. Просторите се распоредени како независни згради за да се прилагодат кон локацијата. Централниот модул се издигнува во форма на меандра, обезбедувајќи визуелно влијание врз динамиката на просторот.
Изработена од армиран бетон и челик, со форми од бамбус распоредени по должината на основната структура, Fab Lab е поставена на нејзината локација за на некои места да биде виткана директно околу дрвјата, за стеблата да останат во внатрешноста.
Прозорците и вратите со различни форми, испреплетени со метална арматура слична на крилја на инсекти се поставени на различни височини и оддалеченост, при што некои ја допираат земјата, а други делуваа како тенки покриви.
Од студиото велат дека вратите и прозорците користат обрасци и форми кои потсетуваат на лисја од дрвја или крилја од инсекти.
Просторот е направен за да биде издржлив, велат од студиото. Една од идните функции на лабораторијата ќе биде да е со компоненти кои можат да се склопат и расклопуваат./М.М.