Тенискиот ас Roger Federer ја лансираше својата прва колекција на очила за сонце со брендот Oliver Peoples.
Наочарите се дизајнирани за да бидат „удобни и едноставни“, објаснуваат од Oliver Peoples кои заедно со тенискиот ас ја создадоа колекцијата. Имаат гумени перничиња за нос и врвови за слепоочниците, за да се поддржи постојаното вклопување кога се носат за време на одредена активност.
Очилата се исто така екстремно лесни, со максимум 35 грама по пар и користат леќи со висок визуелен квалитет, како што се оние за подобрување на бојата. Леќите ги подобруваат доминантните бои, специфични за средини како што се вода, шума или град, едновремено намалувајќи го сончевиот сјај.
Коментирајќи ја соработката, Федерер рече: „Дизајнирањето на очилата за сонце е нешто во што уживав, со оглед на тоа што спортот бара од мене да го следам сонцето 80 отсто од мојот живот. Една од главните цели на нашата колекција беше да создадеме очила за сонце што ќе можат да се користат во секој аспект од дневната рутината – надвор или на теренот за спортување.
Наочарите исто така вклучуваат детали во чест на Federer, вклучувајќи го и бројот 8, посебен број за тениската ѕвезда, што го претставува неговиот датум на раѓање (8/8/1981) и бројот на титули на Вимблдон. Дополнително, развиен е специјален шаблон на јадрото од жица, инспириран од шаблоните на конците на старите тениски рекети, додека прилагоденото осумстрано метално лого на RF, инспирирано од крајот на тенискиот рекет, е поставено на врвот.
Rocco Basilico, извршен директор на Oliver Peoples, рече дека ги здружиле силите за повторно да создадат очила што ќе претставуваат естетски одговар за спорт и начин на живот што не е споредлив./М.М.
Колекцијата Oliver Peoples Roger Federer е достапна на сајтот на Oliver Peoples: https://www.oliverpeoples.com/usa/roger-federer-eyewear