Новата рекламна кампања на J’Adore парфемот на Dior со Rihanna, во режија на Steven Klein, претставена на први септември, според очекувањата, предизвика голем интерес во јавноста. Со неа, модната куќа започна значајна транзиција за мирисот J’Adore, бидејќи Rihanna ја презеде функцијата од јужноафриканската актерка Charlize Theron, која го отелотворуваше мирисот цели две децении.


Во кампањата Rihanna е во златнен, везен фустан, дизајн на Maria Grazia Chiuri, уметнички директор на Dior. Ја пее својата песна Love On The Brain, оддавајќи им почит на оригиналните духовни звуци на првата реклама на парфемот, од 1999 година. Промотивниот моден филм е на следниов линк:

Иако ова партнерство означува нова ера на J’Adore мирисот, неспорен е и деловниот интерес. Соработката ја нагласува и визијата на модната куќа за модерна женственост, потенцирана и во слоганот на кампањата за остварување на соништата: “Your dreams, make them real.”


Колку што Rihanna е стратешки избор за Dior, толку е и за неа значаен: со овој потег таа ги продлабочува своите врски со конгломератот LVMH, кој веќе е сопственик на нејзините брендови Fenty Beauty и Savage x Fenty, исто како што е сопственик и на Dior.


Создаден во 1999 година од Calice Becker и Ann Gottlieb, J’adore набргу стана посакуван парфем, издвојувајќи се по својот луксузен цветен буке и шише налик на амфора, дело на Hervé van der Straeten.
На социјалните мрежи се појавија бројни коментари за изборот, па и видеа со кои се споредуваат сегашната и претходна муза на парфемот. /М.М.

Еве едно од нив:

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.