На насловната на мајското издание на Vogue е Rihanna: позира во боди, ракавица и чевли Alaïa, пред апаратот на Annie Leibovitz. Во нејзиното преставување пред читателите е четиво илустрирано со бројни стајлинзи за кои таа има свое видување.
Кога дознав дека сум бремена, си помислив: Нема шанси да одам да пазарувам во ниту еден бутик за трудници. Жал ми е – но премногу е забавно кога се дотерувам. Нема да дозволам тој дел да исчезне бидејќи моето тело се менува“, истакнува пејачката која е во последните месеци од бременоста.
Кога се спомнува темата за фармерките за трудници, таа превртува со очите: Ако тоа не е нешто што би го носела пред да забремени, зошто тогаш би го носела сега.
За облекувањето надвор од традиционалните граници на стилот на бременоста, таа вели треба да се праша нејзиниот стилист кој, кога е во прашање нејзината облека, губи сон поради нејзините мерки кои, буквално, може да се менуваат од час во час.
Моето тело прави неверојатни работи во моментов и нема да се срамам од тоа. Треба да се чувствувам славенички. Затоа, нема причина да ја криете бременоста, порачува Ријана која, освен пејачка, гради и не помалку успешна кариера во светот на модниот бизнис./М.М.