Во исчекување на првата кампања на Rihanna за парфемот J’Adore на Dior, се побројни се споредбите со актерката Charlize Theron. Имено, откако Dior ја прогласи Rihanna за ново лице на нивниот легендарен парфем J’Adore, како замена за Charlize Theron која рамно две децении беше амбасадор на брендот, поделена е јавноста на социјалните медиуми околу (не)соодветноста на новиот избор.
Се претпоставува дека зад изборот на новата муза е чист деловен интерес. Имено, со новиот договор Rihanna ги продлабочува своите врски со конгломератот LVMH, кој веќе е сопственик на нејзиниот бренд Fenty Beauty, исто како што е сопственик и на Dior. 

Новата рекламна кампања на J’Adore парфемот со Rihanna, во режија на Steven Klein, треба да биде претставена на први септември. Досега е направено само видео претставување на Rihanna за Dior .

Пред Rihanna да стане заштитено лице на Dior за парфемот J’Adore, холивудската ѕвезда Charlize Theron го отелотворуваше парфемот рамно 20 години, откако ја наследи титулата од моделот Carmen Kass, именувана на истата позиција во 1999 година.

Соработката на Rihanna со Dior датира од 2015 година, кога таа е стана прва обоена жена – амбасадор во кампањата за Secret Garden IV, во која директор беше повторно Steven Klein.

Charlize останува да работи за Dior – именувна е за амбасадор на накитот на модната куќа, како и на линијата за нега на кожата./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.