Richard Malone

Richard Malone е ирски дизајнер кој твори и работи помеѓу Векфорд и Лондон. Неговата дипломската колекција, од Central Saint Martins, во 2014 година, е целосно откупена од Brown Thomas Dublin.

Malone е целосно посветен на одржливоста и голем е противник на масовното производство на облека, така што и неговите колекции се во строго ограничен број. Добитник е на ланската престижна награда на International Woolmark Prize, а наградените модели се достапни на сајтот на  https://www.woolmarkprize.com/designers/richard-malone/#:~:text=Richard%20Malone%20is%20an%20Irish,bought%20by%20Brown%20Thomas%20Dublin.

Неговата облека од 2017 година е колекционерска, односно, Malone и неговите креации се дел од првата модна изложба на Museum of Modern Art во Њујорк. Според изложбата, Malone е еден од најмладите уметници во историјата на дизајнот чии што модели се дел на постојаната музејска колекција.

Richard Malone

Месеците на заклучувањето станаа, според неговите зборови, генезата за новата колекција, период кога, дури и без тим или редовни ресурси што ги имаше на располагање, тој имаше и повеќе од доволно време да одбира материјали, да ги бои рачно во неговата када, или, врзани со конопи да ги поминете низ неговата машина за перење, за да го постигнете стутканиот ефект. „Бидејќи мојот креативен дизајнерски јазик прави многу од работите поврзани со колекцијата, можеби заклучувањето и не беше толку лошо за мене“, забележува тој. „Можев да направам што сакав во моето студио. Без одвлекување на вниманието “.

Се е конфорно, наменето за да се носи долго време. Јас само дизајнирав и претпоставувам дека сето е одговор на моментот“, вели Malone кој отсекогаш работел како свој сопствен модел во формативните фази на неговите колекции. „Не носев чевли три месеци. Сè, па и самата идеја за облека, беше апстрактна “./М.М.

Richard Malone

Richard Malone

Richard Malone

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.