За младиот ирски дизајнер, Richard Malone, кој go изгради својот бренд со одржливост и правичност во работата, минатата година значеше двојно внимание и насоченост кон неговите принципи – и посочување и пораки кон ланците за снабдување во индустријата, што честопати беа занемарувани.

Неговата најнова колекција експлицитно ги истражува овие проблеми низ самите ткаенини што се користени:  Wexford предиво, изворно од планината Mourne, или волна, рачно плетена во округот Down.

Женската центричност е вториот клуч за брендот што го создаде Малоун: Има неверојатни работи што се случуваат тука, во Ирска, или близу прекуокеанските држави, кои треба да ги заштитиме – вели тој – инаку ги бришеме гласовите на луѓето, го бришеме нивниот јазик. Секој заслужува глас “.

Оваа сезона, како и честопати досега, тој се осврнува и на историски облеки замислени врз основа на функционалноста: тоa се однесува на здолништата, широките палта, слоевитата облека која сепак им дозволува на жените да седнат додека ги носат. Да се расне хоризонтално, наместо вертикално и да им се даде на луѓето еднаква можност, посочува дизајнерот, објаснувајќи ја својата колекција./M.M.

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.