Ретиналот е до 10 пати посилен од ретинолот, што значи дека дава побрзи резултати и е идеален за оние кои сакаат брзо да ги намалат брчките и да ја подобрат текстурата на кожата.
Познавачите на козметички производи кои ги следат трендовите за нега на кожата, сигурно дека се запознаени со ретинолот. Овој популарен дериват на витаминот А е познат по своите својства против стареење – го стимулира метаболизмот на клетките на кожата, го подобрува производството на колаген, ги намалува брчките и ја подобрува текстурата на кожата. Но, освен ретинол, на пазарот се појави уште една состојка со слично име – ретинал. Иако и двата производа се базирани на витаминот А, постојат и клучни разлики меѓу нив во однос на ефективноста, брзина на дејството и соодветноста за различни типови на кожа.
Retinol и Retinal припаѓаат на поширокото семејство ретиноиди, инаку деривати на витаминот А. Дејствуваат на ист начин: го забрзуваат процесот на обновување на клетките на кожата, го стимулираат производството на колаген и помагаат во намалување на брчките, фините линии и на хиперпигментација. Сепак, клучната разлика лежи во начинот на активирање на овие состојки во кожата.
Ретинолот е поблага форма на витаминот А и за да стане биолошки активен, мора да помине низ два чекора на конверзија – првин се менува во ретинална, а потоа во ретиноична киселина, што е вистинската активна форма. Поради ова, на ретинолот му треба подолго време за да постигне одредени резултати.
Ретиналот е веќе многу поблиску до активната форма – потребен е само еден чекор на конверзија за да стане ретиноична киселина. Затоа е помоќен и почнува да работи многу побрзо од ретинолот.
Ретиналот е до 10 пати посилен од ретинолот, што значи дека дава побрзи резултати и е идеален за оние кои сакаат брзо да ги намалат брчките и да ја подобрат текстурата на кожата. Од друга страна, ретинолот е поблаг и посоодветен за луѓе со почувствителна кожа, како и за оние кои почнуваат со користење на ретинол.
Сепак, и двата производа можат да предизвикаат иритација, па затоа е препорачливо да се започне со помали концентрации и постепено да се зголемува употребата на ови препарати.
Crystal Retinal – побрзи резултати без иритација
Доколку сакате побрзи резултати и помалку иритација, Crystal Retinal е одличен избор. Овој производ со ретиналдехид делува и до 11 пати побрзо од ретинолот и клинички е докажан како ефикасен во намалувањето на брчките и темните дамки, без иритација.
Во секој случај, пред избор на препарат и користење, се советува консултација со дерматолог за одредување на типот и состојбата на кожата, а со тоа и избор на соодветен препарат./М.М.

You may also like

Comments are closed.