Ralph Lauren ја претстави својата празнична кампања, наречена The Gift of Togetherness.
Заедништвото за претстојните празници го промовираат добро познати ликови на компанијата, како Shalom Harlow, Tyson Beckford и Lucky Blue Smith.
Мојата Holiday 2022 кампања, истакнува Ralph Lauren, наменета за жени и мажи, претставува прослава на безвременскиот стил и на модерната софистицираност на елегантните црно-бели силуети, надополнети со црвени детали. Станува збор за облека која ја карактеризира класичната префинетост на брендот која, едновремено, го инспирира стилот и индивидуалноста на оние који ја носат.
Компанијата ја покажува и својата филантропска страна за време на празничната сезона со донација на 100% од куповната цена на своите Pink Pony Оxford кошули или дуксери и 25% од куповната цена на кашмирската качулка Pink Pony за потребите на Pink Pony Fund и на The Ralph Lauren фондацијата, како и за мрежата на меѓународни добротворни организации кои се борат против канцер./М.М.