Ralph Lauren во неговото студио на авенијата Медисон, во Њујорк, ја представи својата женска колекција за есен/зима 24, која го слави вечниот гламур.
Невообичаеното место е во чест на сеќавањето на првата женска колекција на Ralph Lauren, претставена во ова Медисон студио во 1972 година, пред мала група уредници и пријатели. Сега, во 2024 година, поголема група уредници, пријатели и познати личности се собраа за да оддадат почит кон американската модна легенда и кон дизајнерот кој веќе децении е со својата славна кариера.


Жената за која дизајнирам има убавина што доаѓа од внатрешната самодоверба, вели Ralph Lauren, главен креативен директор на Ralph Lauren, во својата пригодна изјава. Таа се облекува за себе. Нејзиниот стил е личен и храбар. Над гламурозниот вечерен фустан, ќе облече рачно изработена јакна. Таа верува во тивка софистицираност што не е дефинирана со времето или трендовите. Мојата колекција е инспирирана од таа жена, од нејзиното чувство за вечност, нејзината индивидуалност – стилот кој е вечен, посочи Lauren.

Ревијата ја отворија двете американски икони кои го отелотворуваат брендот: Christy Turlington i Billy Joel. Turlington со монохроматски изглед, инспириран од машка облека, беше вовед во градена од неутрални до светкави фустани, сребрени и златни, со слоеви на текстури за студени денови, како пепити, велур, волна и кожа. Олицетворение е на практичност (панталони од велур, волнени палта, плетени фустани) и фриволност (тесни здолништа, светкави фустани и кроп топови).


Самата колекција го опфаќа безвременскиот гламур на Ralph Lauren, во кој мудро се вметнати влијанијата од секоја деценија: едноставноста на седумдесетите, смелоста на осумдесеттите и минимализмот на деведесеттите, секако со мали влијанија од 21 век, со кроп топови и проѕирни материјали.
Класика, забава и американски стил – тоа се зборовите кои го дефинираат потписот на Ralph Lauren и во оваа модно претставување на неговата најнова колекција./М.М.
Фотографии: Kendam

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.