Ralph Lauren

Промоцијата на пролетната колекција е проследена со моден перформанс на Janelle Monae  во  модното студио – Ralph’s Club – на Беверли Хилс. Романтиката може да биде клучниот збор за перформансот и за колекцијата.  Lauren не може да тргне обратно – од класичното. Филмот што претходеше на изведбата на Монае – и фотографиите од колекцијата, го навестуваат светот на уште еден Хамфри Богарт од Казабланка.

„Моите дизајни отсекогаш беа за создавање на свет што е над модата, свет на романса и безвременска софистицираност“, потсетува Ralph Lauren во соопштението. „За пролетта 2021 година, моите колекции ги испреплетуваат тие чувства и изразуваат личен стил кој е и модерен и траен“.

Ralph Lauren

https://www.ralphlauren.com/brands-ralph-lauren-collection-janelle-feat?ab=en_US_HP_Slot_2_S1_Image_SHOP

Па можеби можеби неговите клиенти сè уште не тргнуваат кон Мароко, но модниот филм на Лорен може да ги пренесе таму буквално – на коктел во самрак, на кој таа доаѓа во лесен и лелеав фустани, со монистри, а тој во смокинг со шал и машна.

За да го долови расположението од својот Ralph’s Club, Лорен на своите редовни клиенти им испрати шише бурбон, салфетки со монограм и посребрена чинија, со чипс од рачно исечени компири. Не е како Ralph’s Club, но, деновите на социјалното дистанцирање сè уште не се завршени, вели Лорен. Со надеж дека ова мало внимание, за следење на перформансот и колекцијата ќе го исполни моментот.

Корпорацијата Ralph Lauren (NYSE: RL) е глобален лидер за дизајн, маркетинг и дистрибуција на производи од врвен животен стил, во пет категории: облека, обувки и додатоци, за домoт, парфеми и гостопримство. Повеќе од 50 години, угледот и карактеристичниот имиџ на Ralph Lauren постојано се развиваа низ широко распространет број производи, брендови и меѓународни пазари./M.M.

Ralph Lauren

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.