Во чест на петте децении во музиката, еден од најславните бендови во светот, Queen, ќе отвори поп-ап продавница во Лондон.
Продавницата, наречена „Queen The Greatest’“, ќе биде отворена од 28 септември годинава до јануари идната година, со низа музички изданија со ограничени едиции, возбудливи модни соработки и производи за животниот стил на легендарната група. Секој месец ќе има тема: Музика, уметност, дизајн и магија, со визуелни инсталации кои ќе раскажуваат приказни од историските пет децении на Queen.
Новата продавница, создадена во партнерство со Bravado, Universal Music Group за управување со стоки и брендови, ги содржи сите обележја на бендот. Продавницата вклучува возбудлива колекција облека, вклучително и ексклузивни соработки со Champion, Wrangler и Johnny Hoxton.
David Boyne, извршен директор на Bravado изјави: „Со задоволство можеме да го објавиме ова иновативно партнерство со Queen. Проектот ќе додаде уште еден културен момент на нивното богато наследство и ќе биде дестинација за обожавателите да се потопат во музиката, стилот и духот на еден од најпознатите и најомилени бендови во светот “./М.М.