Puma најави проширување на својата експериментална програма и тна естирањето на биоразградливоста на нивните производи. Имено, во ноември лани, Puma го изненади светот со својата револуционерна иницијатива – претворајќи ги своите експериментални Re:Suede патики во компост. Оваа иновација не е само ветување за зачувување на планетата, туку и чекор кон сосема нов начин на производство на чевли.
Puma произведе 500 пара експериментални Re:Suede патики пред три години, користејќи Zeology тенка кожа, TPE ѓон и коноп. Овие патики потоа им беа доставени на волонтери во Германија, кои ги носеа шест месеци за да ја тестираат удобноста и издржливоста. Патиките потоа беа испратени во специјално опремена област за компостирање на партнерот на Puma, Ortessa Group, во Холандија.
По строг протокол, Puma прво ги здроби патиките и ги измеша со друг зелен отпад од домаќинството, за потоа да ги стави во тунел за компост. Потоа патиките биле „прскани со течност собрана преку компостирање“ за да се поттикне процесот на распаѓање. По приближно 3,5 месеци, материјалите кои биле доволно ситни (помалку од 10 милиметри) за да поминат низ ситото, биле продадени како компост од класа А за земјоделска употреба, додека останатите материјали се вратени во тунелот за компост, за да се распаднат на посакуваното ниво.
Puma планира да продолжи да иновира во соработка со партнерите за да го направи процесот одржлив за комерцијалната верзија на патиките Re:Suede, вклучувајќи и програма за враќање на патиките во компост планирана за годинава.


Re: Suede експериментот е првата програма претставена како дел од иновациската платформа на Puma ‘Circular Lab’, која има за цел да ја обликува иднината на програмите за кружност на компанијата, заедно со нејзината иницијатива за рециклирање полиестер, Re:Fibre.

You may also like

Comments are closed.