ProVeg инкубаторот отвори конкурс за апликацирање на стартапи ширум светот кои треба да помогнат во изнаоѓањето вегански алтернативи за јајца, морска храна и пилешко.

Апликациите ќе се прифаќаат до 31 јули, а онлајн програмата ќе започне кон крајот на септември.
Според алт-протеинскиот акцелератор, овие три области се главни „бели простори“ каде што се потребни повеќе иновации. Приоритет се и сирењата од растително потекло и готовите оброци, заедно со секоја состојка или технологија што може да ги замени основните производи од животинско потекло.


Компаниите вклучени во претходните групи на ProVeg инкубаторот имаа значителен успех на пазарот. Така, кинескиот бренд за пилешко на база на кикиритки, Haofood, неодамна собра 3,5 милиони долари и беше лансиран во 2.300 продавници на Lawson. Израелската компанија Remilk, затвори преплата од 120 милиони долари и штотуку доби одобрение да ги продава своите на млеко идентични протеини во САД. Успешни приказни создадоа, според ProVeg инкубаторот и Better Nature, Bosque Foods, Mushlabs, Formo и Hooked.

Во ProVeg се стремиме да го максимизираме нашето долгорочно влијание, со цел да ја постигнеме нашата мисија за намалување на потрошувачката на храна од животни за 50%, до 2040 година, вели Albrecht Wolfmeyer, раководител на Инкубаторот ProVeg. Затоа, би сакале да видиме апликации од стартапи кои работат на алтернативи од растително потекло, од габи, како и од култивирано месо и морска храна, користејќи и комбинирајќи различни видови ферментација и клеточно земјоделство./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.