Pronovias

Секоја жена е единствена – како и нејзиниот вкус. Затоа Pronovias нуди бројни можности кои ќе ги исполнат очекувањата за специјален изглед за посебен настан, или пригода. Летото и постепеното отворање се причина повеќе за избор на сериозен, летен фустан со кој се добива целосно нов, издржан изглед.

Чистите линии  долгите здолништа, издржаниот крој, со смели детали, придонесуваат кон класичната, елегантна впечатливост на летната колекција на Pronovias.

Иконската силуета се здружува во впечатливите фустани, со целосни здолништа, сензуално деколте и изложени рамена.

Иако компанијата е пионер во создавањето на првите prêt-à-porter невестински фустани, со што ги направи венчаниците достапни за сите жени, оваа пролет сакаат да покажат дека имаат своите предлози и за евент фустаните.

Pronovias

Pronovias е семејна фирма основана во Барселона основана од Alberto Palatchi Bienveniste во далечната  1922 година, а специјализирана за чипка, везови и висококвалитетни свилени ткаенини. Она што започна како семеен бизнис, подоцна ќе прерасне и ќе стане Pronovias. Во 1964 година, кога кон фирмата пристапил Alberto Palatchi Ribera, компанијата станала пионер во создавањето на првите prêt-à-porter невестински фустани, што ги направи венчаниците достапни за сите жени.

Компанијата започна со интернационализација во 1977 година, како пионер во бизнисот со франшиза и отворање на првата продавница од ваков вид во Холандија пред да се пресели во Северна Америка и Азија во текот на деведесеттите години. Pronovias денес е водечки бренд во светот, со својата широка дистрибутивна мрежа, со повеќе од 4.000 продажни места, во 105 земји./M.M.

Pronovias

Pronovias

Pronovias

Pronovias

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.