Prabal Gurung

Prabal Gurung  за одморите предлага со бои богата, а во стилови разнобразна колекција. Кинескиот кварт е посакуваното, разнобојно и раздвижено место, соодветно за снимање на неговата нова колекција. Инспирирана е од младите луѓе што ги сретнува на маршевите и протестите против азиската дискриминација, а нивната позитивност и слободата се и во тоа како се облекуваат.

Prabal Gurung

Активизмот и, пошироко, свесноста, имаат централно значење за брендот. Тој е гласен поборник за инклузивност. „Живеев во Кинескиот кварт, непосредно пред да ја промовирам мојата колекција. Токму таму започнав да заговарам и да ја планирам иднината на мојата кариера, вели Prabal Gurung  моден дизајнер од Непал кој живее и твори во Њујорк. https://prabalgurung.com/

Prabal Gurung

Бев целосно свесен колку е невидлива таа заедница за остатокот од Њујорк. Кога зборуваме за градот, зборуваме за сјајот и гламурот, но неговиот жар и карактерот се во деловите како овој. Сакав да го прославам тоа “.

Колекцијата се потпира и се движи од привлечни мини стилови (по нова ниска цена за брендот) до изглед за забави и настани. Сите убави пастелни фустани, укроените звонарки, фустаните со искроен горен дел во карнери или со само вкрстени ленти – се изгледа впечатливо, едновремено и романтично-носталгично но и исклучително првилечно./M.M.

Prabal Gurung

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.