На модната недела во Милано (Milano Fashion Week) германскиот моден бренд Philipp Plein ја претстави својата нова колекција во хотелот Plein – нов, луксузен простор, лоциран во центарот на Милано. Хотелот, кој официјално ќе биде отворен во ноември, со четири ресторани и луксузни апартмани, го истакнува настојувањето за експанзијата на групацијата Plein во светот на луксузниот животен стил.
Колекцијата ја прикажува еволуцијата на максимализмот со потпис на Plein, со акцент на класичните кроеви и богато украсените парчиња. Овој спој на елеганција и гламур, заедно со впечатливите дизајни на Plein, ја нагласуваат неговата способност да го модернизира брендот, едновремено останувајќи верен на неговиот стил.
Брендот Philipp Plein е познат по својот храбар пристап кон модата, комбинирајќи максимализам, гламур и авангарда. Низ колекцијата за пролет/лето 2025 година, брендот еволуира, покажувајќи рамнотежа помеѓу опуленција и можноста за секојдневно носење, едновремено одржувајќи го препознатливиот, екстравагантен стил.
Philipp Patrick Hannes Plein е германски моден дизајнер и претприемач кој во 1998-та година ја има создадено Philipp Plein International Group, во која, освен модна куќа, функционира и компанија која инвестира во областа на туризмот. Нивен проект е и новиот Plein хотел во Милано, во кој е одржана модната ревијата на брендот Philipp Plein. Пред настанот, Plein лично ги поздрави присутните претставувајќи ја и колекцијата и новиот хотелско-угостителски проект./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.