Дебито на Pharrell Williams за Louis Vuitton ќе биде во јуни, на машката модна недела во Париз ( Men’s Fashion Week Paris), што сугерира дека тој веќе работи со тимот на LV.

По смртта на Virgil Abloh, во ноември 2021 година, фанцускиот бренд за луксузна мода беше во потрага по нов креативен директор, задолжен за машките колекции. Одбран е Pharrell Williams, американски дизајнер, рапер и продуцент, со богата музичка кариера и освоени 13 Греми награди.
Pharrell Williams веќе има соработувано со Louis Vuitton. Неговата репутација во модната индустрија порасна кога го запозна Nigo, јапонски продуцент на плочи и основач на популарниот јапонски бренд за улична облека, A Bathing Ape. Тој е сега креативен директор на Kenzo – а со Williams реализира неколку модни иницијативи како што се основањето на Billionaire Boys Club и Ice Cream Footwear. Williams е и ко-сопственик на брендот G-Star Raw Denim, а бележи и борјни соработки со Moncler, Adidas и Tiffany & Co.
По повод неговото назначување од Louis Vuitton објавија дека Williams е „визионер чии креативни универзуми се протегаат од музиката до уметноста и модата, етаблиран како глобална културна икона во изминатава деценија“. Начинот на кој Pharrell Williams ги урива границите на сферите што ги истражува, се совпаѓа со имиџот на компанијата, зајакнувајќи ги вредностите на брендот, едновремено носејќи и иновативност, пионерски и претприемнички дух./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.