Perfect Intense на Marc Jacobs е килибарно – цветен парфем за жени, создаден од Domitille Michalon Bertier.
Perfect Intense е најновото надополнување на колекцијата парфеми на Мarc Јacobs, овој пат со нова мирисна композиција позветена на слободата на изразувањето и на совршенството на секој поединец.
Зборувајќи за своите креативни видувања Мarc Јacobs истакнува дека љубовта кон сопствената посебност е клучна за остварување на сопствено совршенство, а убавината е, пред се, храброст да се биде свој. Во таа насока, според брендот, „Perfect Intense отвора нови аспекти на самољубие, инспирирајќи ги сите да ја ценат и уживаат во прекрасната можност да бидат свои, храбри и уникатно совршени“.
Во новиот парфем на препознатливата мирисна линија на брендот, создавачот на Perfect Intense , Domitille Michalon Bertier, ја збогатува совршената мирисна пирамида, давајќи и заводлив, хедонистички тон со колоритната, цветна арома. Во него, богатството на нарциси е елегантно нагласено со ноќниот јасмин, а шармантна трага на новото е претставена со бадеми и сандалово дрво. Горните ноти се нарцис и ноќниот јасмин; средната нота е бадем; основната нота – сандалово дрво.
Прославете ја моќта да се биде вистински, да се биде храбар и да се биде #PerfectAsIAm./М.М.