Шпанскиот дизајнер на обувки Pedro Garcia и неговиот партнер и колега, креативниот директор Dale Dubovich деновиве ја претставија надополнетата понуда на чизми од нивната есенско-зимска колекција. Брендот кој сега е присутен во 40 земји и на интернет, а размислува за нов развој претставува потврда за безвременоста на нивниот класика во дизајнот на обувките.

Инаку, сите чизми се направени во сопствената фабрика, лоцирана во Елда, во медитеранскиот регион Аликанте, каде што пред речиси еден век е основана фирмата.
Брендот е семејна компанија: братот и сестрата Mila и Pedro García се третата генерација што ја водат фирмата. Тие го превзедоа управувањето од нивниот татко, кој исто така се викаше Pedro García, како и нивниот дедо, кој ја основаше фирмата во 1925 година./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.