Prada парфеми го најави својот најнов производ во богата колекција на мириси: На 26 август го лансира Paradoxe. Самото име ,изведено од зборот „парадокс“, наметнува брони прашања поврзани со мотивите, инспирацијата и секако, со формула на создавањето.
Филозофијата на создавањето на Paradoxe, според најавата од брендот, може да се сумира во два збора, „реинвенција“ и „консолидација“. Прада сака повторно да го претстави потписот од сосема новата перспектива, во потрага по совршената хармонија на сензуалноста и интензитетот. Евидентно – не е во прашање само потрага по нов квалитет, туку и настојување за поставување на иновативен пристап со Paradoxe.
За да го постигне тоа, Prada се фокусираше на создавање на баланс помеѓу цветните и ќилибарните ноти и тоа преку доминантното присуство на екстракцијата на нероли пупките. Тоа е едновремено и прв обид на Prada со екстракција на пупки од нероли во парфем.
Благодарение на Ambrofix, био-конвертираниот ќилибар, Paradoxe ќе има за цел повторно да ја открива сензуалноста. Зборувајќи за интензитетот, новата револуционерна молекула на мошус, Serenolide, ветува силен, долготраен, но и многу суптилен мирис.
За заштитно лице на рекламната кампања е избрана харизматичната и многу популарна Emа Votson.
Горните ноти на парфемот се срцето на калабрискиот бергамот, есенција од мандарина и акорд од круша. Средните ноти се посветени на пупките од нероли, од портокал и јасмин, додека долните ноти на парфемот се со акорди на ќилибар (Ambrofix™), ванила од Мадагаскар и бел мошус.
Prada Paradoxe ќе биде достапен на Prada веб-страницата од 26 август годинава./М.М.