Pantone издаде соопштение за изборот на „Мока мус“ (Mocha Mousse – Pantone 17-1230) за боја на 2025 година. Се работи за мека, кафеава нијанса, исполнета со топли, чуствителни особености на какао, чоколадо и кафе, избрана за да ја одрази растечката желба за удобност, благосостојба и луксуз во модерниот живот.
Leatrice Eiseman, извршен директор на Pantone Color Institute, бојата ја опиша како „софистицирана и раскошна“ но, сепак, „непретенциозна“, со способност да изрази „промислено уживање“ и да предизвикува хармонија и рамнотежа. Pantone нагласува дека „Mocha Mousse“ претставува промена во тоа како се перцепираат кафените, од скромни и приземјени до аспиративни и луксузни, нудејќи дискретен допир на гламур. Природната, земјена суштина на бојата, е усогласена со растечкиот тренд кон поблиска врска со природата, нудејќи чувство на смиреност и рамнотежа. Laurie Pressman, потпретседател на Pantone Color Institute, нагласи дека „Мока мус“ ја одразува потрагата на човештвото за хармонија со природата и опкружувањето.
Се очекува „Mocha Mousse“ да влијае на различни индустрии, од модата до декорацијата на домот. Pantone предвидува дека нијансата ќе додаде „богата неутралност“ во модниот свет, дополнувајќи сè, од меки ткаенини, како кашмир и кадифе до воздушни, течни материјали како шифон и свила. Во додатоците, нијансата ветува збогатување на облеката со допир на топлина и луксуз, беспрекорно мешајќи се со која било палета на бои.
„Mocha Mousse“ нуди тон што го подобрува опсегот на тонови на кожата и поддржува и мат и сјајни завршетоци, што го прави идеален за трендови на шминка и коса. На бојата се гледа и како на идеална основа за металик завршетоци.
Објавата на Pantone промовира и нови соработки: Motorola ќе ги лансира верзиите „Mocha Mousse“ на своите паметни телефони, а Razr 50 Ultra и Edge 50 Neo, со вегански облоги од кожа.
Ultrafabrics, компанија за луксузни ткаенини, ќе соработува со Pantone за да создаде палети на бои, на нарачани и прилагодени дизајни. Други партнерства вклучуваат бренд за убавина Ipsy, компанија за мириси Pura и продавач на мебел Joybird, кои ќе ја претстават нијансата во различни производи, вклучувајќи мебел, домашен декор и мириси.
More in:Вести
За Pamela Anderson без шминка и – за храброста…
На 34-то доделување на годишните Gotham филмски награди во Њујорк присуствуваше и американската актерка Pamela ...
На 13-ти и 14-ти декември – Винодонија 2024
На 13-ти и 14-ти декември, во хотелот „Мериот“, во Скопје , ќе биде одржано осмото ...
Во сабота, на концертот „Македонијо, во срце те носиме“ уште една песна испеана од Гоце Николовски
Во сабота, на концерт „Македонијо, во срце те носиме“, во Македонската филхармонија, ќе биде изведена ...
На седми декември, завршен концерт на проектот “Македонијо во срце те носиме”
Завршниот концерт на двегодишниот музички проект “Македонијо во срце те носиме” ќе се случи на ...