Paco Rabanne

За Julien Dossena и тимот на Paco Rabanne инспирацијата за пролетната колекција за 2022 година е потрагата по одмор, слобода и задоволство покрај море.  Последниот викенд тој импулс и таквите идеи ги претставија преку спектакуларно искористената хексагонална инсталација Op Art Hexa Grace во Монако. Создадена е брилијантно избрана платформа – буквално само за прикажување на целиот блескав гламур на францускиот џет-сет, во една „боемска атмосфера од 70-тите“, што повторно се канализира кон идните хедонисти на пост-пандемискиот свет.

Под сонцето на Медитеранот, се движеше колекцијата што Julien Dossena соодветно ја опиша како „композиции“ или „склопови“, што беа споени во силуети на фустани и здолништа, со шалови, и сите видови на инвентивни начини за повторно измислување на синџирот на поврзување на металните палети и светки што го прават идентитетот на Paco Rabanne.

Paco Rabanne

Сепак,  способноста за дизајн на  Dossena е да создава облека што никогаш не е ретро. Оркестрирајќи ги своите колекции, прави работи  што се обвиткуваат со ланци во деколтеа и околу колковите, додава асиметрични закопчувања на рабовите, за да се открие кожата на начини што никогаш не се случил во 1970-тите.

Ниту капите длабоко навлечени до очите никогаш не биле во 70-тите, тие се сега, како дел од неговиот „тотален отпечаток“, со свежо чувство на софистицираност.

Сезона на сезона, неговите инстинкти стабилно го носат брендот Paco Rabanne на местото, кое со право го заслужува во соѕвездието на современата мода.

Paco Rabanne

Легендарниот Paco Rabanne, роден како Franciso Rabaneda Cuervo, е шпански моден дизајнер роден во 1934 година за, како што е истакнувано во историјата на модата, да го смени и просветли светот на модата.

Кариерата ја започнува создавајќи накит и учејќи го занаетот кај  Balenciaga, Dior и Givenchy. Кога започнува Шпанската граѓанска војна, тој и неговата мајка заминуваат за Франција. Таму, тој студира архитектура на Ecole des Beaux Art, каде што и дипломира, во 1964 година. Наредната година ја започна својата дизајнерска кариера, со линија од дванаесет модели, насловени како The Unwearables, кога го создава својот прв фустан направен од пластика.

Paco Rabanne

Во 1966-та година започнува свој моден бизнис и креира колекции користејќи материјали како пластика, хартија и метал. Во неговите дизајни се чуствува влијанието на архитектурата и по тоа останува едиствен и до денес.

Модниот дизајнер, со прекар L’Enfant terrible во 1960-те, станува познат во светот по модните трендови.

Rabanne од тогаш создава облека за  бројни легендарни филмови, како оној на Barbarella, а неговите модели ги носеа и Brigette Bardot, Audrey Hepburn, Elizabeth Taylor, како и многу други кои сакаа нешто посебно./М.М.

Paco Rabanne

Paco Rabanne

Paco Rabanne

Paco Rabanne

Paco Rabanne

Paco Rabanne

Paco Rabanne

Paco Rabanne

Paco Rabanne

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.