Невестинската колекција на Oscar de la Renta е традиционално мала, повторно со фустани збогатени со прозирни цветни дезени, како и со лежерни мини здолништа. Гарланот е отстранлив, па невестата може да ја носи на церемонијата и да ја соблече за да танцува, како нова алтернатива на наметка.
Oscar de la Renta беше познат по неговата способност за комбинирање на занаетчиството од стариот свет, со карактеристичен латински допир и во модерните дизајнерски трендови. За наредната година првата, невестинската колекција, го носи и тој, карактеристичен латинскиот допир.
Oscar de la Renta – чиракот на Cristóbal Balenciaga и вредниот ученик во Lanvin, по своето доаѓање во Њујорк, во 1963, бил најавуван како блескава комета на сцената во американски стил, на која веднаш и биле отворени вратите на високите кругови, чии членови ќе станат и негови верни муштерии./М.М.