Noir Kei Ninomiya

Повеќе сезони колекциите на Noir Kei Ninomiya беа тивко презентирани во салоните на Place Vendôme, во рамките на јапонската модна група Comme des Garçons, која градеше концепт со панк-флексија на дизајнот уште од 2012 година. Од пред три години Kei Ninomiya организира поформални ревии, со што и расте интересот за неговото творештво. Кога започна, дизајнерот постави неколку строги параметри за себе користејќи само црно во креирањето. Оттука и името на неговата линија, Noir Kei Ninomiya – со цел, како што тогаш самиот истакнувал, да се концентрира на конструкцијата на облеката, наместо на сликата.

Noir Kei Ninomiya

Низ сезоните, Ninomiya разви јасно драматична шема, што го означува не само како член на семејството на  Comme des Garçons , туку и како дизајнер на голема индивидуалност.

Пролет 21 – Без тема

Според белешките што ја придружуваат колекцијата наменета за оваа пролет, нејзиниот наслов е: Тема: Нема тема во пролетната колекција!

Доминира техниките за изработка без шиење на Ninomiya, кој претпочита прицврстувачи или копчи, кои повторно, и оваа пролет, му овозможија да изгради серија рачно изработени хипер-екстравагантни фустани . Грандиозно модерните силуети се во материјали што вклучуваат: од жица, бисер, ПВЦ, или ланец,, до полиестер, ластиш, сатен, памук, волна, три вида кожа и тафта, со која беше конструирана неверојатната аура-магла на последниот изглед.

Noir Kei Ninomiya – Spring 2021

Noir Kei Ninomiya – Spring 2021

Noir Kei Ninomiya -Spring 2021

Noir Kei Ninomiya – Spring 2021

Есен 21 – Metal Couture

Под наслов Metal Couture (Метална мода), оваа колекција првично беше специјализирана за оние кои се без двојба за социјалното дистанцирање. Делот за шила се совпадна за оние што имаа среќа да бидат во собата со музичка композиција насловена како “Tranquilizer”: Музиката што следеше беше насловена како “Transcendence.” За да ја надополни претставата за чудесно абнормалните парчиња од есенската колекција на Ninomiya.

Во неа Kei Ninomiya поставува толку возбудливо непознати силуети и површини пред нас што е тешко да  се прават споредби и паралели  од познатата сфера на модата. Доколку претходно сме сведоци на отсуство на одговори, уште помалку ги има, на пример, во цилиндарот од цврста органза на врвот од сребрената Mary Janes./M.M.

Noir Kei Ninomiya – Fall 2021

Noir Kei Ninomiya – Fall 2021

Noir Kei Ninomiya – Fall 2021

Noir Kei Ninomiya – Fall 2021

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...

Comments are closed.