Nike покрена судска постапка против студиото MSCHF од Њујорк, во врска со нивните  Satan Shoes, (Сатански чевли), создадени во соработка со американскиот музичар Lil Nas X , поради преадаптација на 666 пара чевли на Nike, третирани наводно со човечка крв и украсени со пентаграми.

Во тужбата, поднесена пред окружниот суд во Newујорк, од Nike изјавуваат дека изменетите чевли, кои сè уште го покажуваат нивното лого и потпис, ги тераат луѓето да веруваат дека „ Nikе го поддржува сатанизмот“, а сето условува и „повици за бојкот“ на нивниот бренд.

Satan Shoes од MSCHF се соочуваат со тужба за трговска марка. Имено, сменетите Nike Air Max 97 се распродадоа за помалку од една минута. Со 1.018 американски долари за пар, соработката би чинела 677.988 американски долари за MSCHF, кој сега се соочува со случај на повреда на трговска марка.

Nike побара MSCHF да плати отштета и судски трошоци и бара интервенција за да се запре идна продажбата на Satan Shoes. „За кратко време по објавувањето на продажбата на Satan Shoes, Nike претрпе значителна штета, стои во тужбата.

„MSCHF и неовластените Satan Shoes веројатно ќе предизвикаат збунетост и разредчување кај купувачите  и ќе создадат погрешна поврзаност помеѓу производите на MSCHF и Nike“, посочија адвокатите на компанијата. „Всушност, веќе постојат докази за значителна збунетост и разредчување на пазарот, вклучително и повици за бојкот на Nike, како одговор на лансирањето на Satan Shoes на MSCHF, засновано врз погрешното верување дека Nike го авторизирал или одобрил овој производ“.

Во воздушните перничиња во табаните се инјектирани црвено мастило измешано со капка човечка крв, за која од MSCHF рекоа дека доброволно ја донирале шест члена на дизајнерскиот тим.

Правењето било какви измени за Nike е неприфатливо, гласи тужбата.

Lil Nas X за тужбата се огласи преку мемо: одговори на тужбата со мемо, споделувајќи видео од бесен пастор кој одржува беседа за Satan Shoes, за која музичарот вели: „Ние сме во пандемија и има масовно пукање секоја недела, но сите се собираме во црква за да разговараме за Satan Shoes“.

MSCHF во својот одговор вели дека не ја нарушува трговската марка на Nike со нивните „Satan Shoes“, поставувајќи сцена за голема правна битка.

Од MSCHF вели дека сите, освен еден пар чевли, се веќе испорачани, така што побараното прекинување на испораката од страна на Nike се беспредметни./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.