Nike за утре најави лансирање на Swoosh – на својата самостојна Web3 платформа на која на едно место ќе можат да се најдат сите виртуелни креации. Платформата ќе биде достапна на https://www.swoosh.nike/ и има за цел да обезбеди „безбеден и доверлив простор“ за фановите на Nike кадешто ќе можат да собираат интерактивни дигитални производи, како облека и обувки.

По лансирањето, членовите ќе можат да влезат во предизвик, при што победникот ќе добие можност да ко-креира виртуелни производи со Nike.
Платформата ќе претставува поттик за дигиталните уметници и NFT креаторите да се приклучат, имајќи предвид дека компанијата потврди дека победниците ќе заработат хонорар од дигиталните токени во чие што создавање тие ќе учестуваат.

Од Nike се надеваат дека нивниот нов потфат во виртуелната сфера ќе послужи за проширување на дефиницијата за спортот и во исто време ќе го демократизира искуството на Web3, така што „секој ќе може да собира, креира и поседува дел од овој нов дигитален свет“.

Инаку, од Nike планираат наредната година да ја претстават својата прва дигитална колекција, инспирирана од корисниците на платформата./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.