Адвокатите на Hermès на крајот на јануари на суд ќе ги бранат правата на интелектуална сопственост на брендот, против уметникот Mason Rothschild, кој на крајот на 2021 година создаде MetaBirkin NFT колекција, инспирирана од легендарната Hermès Birkin чанта.
Имено, на 30 јануари, во Њујорк ќе започне првото судење за заштитата на интелектуалната сопственост, поврзано со NFT во модата, помеѓу американскиот дигитален уметник Mason Rothschild и модната куќа Hermès.
Колекција од 100 NFT наречена MetaBirkin е лансирана за време на прославите на Miami Art Basel 2021 година, со тоа што секоја од нив го претставува моделот на чантата Hermes Birkin, „облечена„ во вештачко крзно.
На појавувањето на пазарот на NFT со колекцијата MetaBirkin, модната куќа Hermès веднаш реагираше, барајќи (и добивајќи) прекин на продажбата во Metavers, на платформата OpenSea. Но, Mason Rothschild, кој реализира продажба од над милион долари не само што не запре, туку продолжи да ги нуди MetaBirkin на својата веб-страница, како и на други платформи, како Rarible.
За Hermès, заштитата на правата е од исклучително значење: нивните Birkin чанти во физичкиот свет се чиста реткост и се со цена од над 10.000 долари, додека во препродажба можат да постигнат астрономски цени. Досега е позната и најскапата нивна чанта: „Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin 30“, продадена за 380.000 долари на Christie аукција, во 2011 година.
Mason Rothschild и претходно се има закачено со’ Birkin брендот на Hermès. Веќе пишувавме дека на почетокот на 2021 година Rothschild легендарната чанта ја претвори во NFT и ја нарече Baby Birkin, претставувајќи ја како „бремена„ 40 недели. Дизајнот, е буквално преземање на титулата на чантата на Hermès, за да се направи извесна нејзината скапа продажба.
Според „Basic.Space“, платформата за NFT е-трговија, Baby Birkin NFT тогаш е продадена за 23.500 американски долари – со што NFT стана исто толку вреден, ако не и повеќе, од физичката Birkin. Оваа верзија исто така не е поддржана од Hermès,па се претпоставува дека и таа ќе стане предмет на судскиот процес./М.М.