Simone Faurschou

Simone Faurschou ја објави својата колекција накит, Blockchain, како парчиња NFT пред физичката промоција во злато. Дизајнерката за накит, Simone Faurschou , ја претставува својотата нова колекција накит како дигитална колекција на парчиња NFT ,пред нивното физичкото лансирање, подоцна, во текот на годинава.

Simone Faurschou

Колекцијата, наречена Blockchain, составена од цврсти блокови од бело и жолто злато, со дијаманти, ги истражува начините на поврзување со технологијата – и како технологијата се поврзува со нас. После една година во која технологијата истовремено нè поврза и не изолира, тоа е меѓу првите такви чекори.

Сите детали се на: https://simonefaurschou.com/

Исто како што блокчеините се непроменливи и парчињата фино изработен златен накит се безвременски и непроменливи, објаснува дизајнерката. Во нејзините раце, накитот станува начин за градење врски меѓу луѓето, а со златните блокови, што се собираат, ќе се создаде целина. Секое физичко парче има дупка, овозможувјќи склопување нараквица или ланче.

Simone Faurschou

Првиот блок од колекцијата, Block1, сега е објавен како NFT. „ Блок1“ е во ограничено издание  – на 1 ,,што значи дека никогаш нема да има друг NFT како него“, додава таа. „Блок1“ е веќе во аукциската куќа Rarible. Тоа е првиот од 12-те потполно уникатни златни блокови. Кој и да победи на аукцијата на Rarible, ќе добие можност да го добие и рачно изработениот блок од 18K Fairmined злато, со вградени вештачки дијаманти.

Дигиталниот накит, што не може да се носи, како креација од златар можеби е несоодветен, но Faurschou посочува дека статусот на накитот како уметничко дело сепак е валиден, како и способноста да е траен. Во овој случај, јас лично сметам дека дигиталниот накит е возбудлива приказна. Секое парче може исто така да се препродава како вистинско златно парче, па дури и да се пренесува со генерации. Според неа, дигиталното и физичкото можат хармонично да коегзистираат./M.M.

You may also like

Comments are closed.