Net-a-porter (https://www.net-a-porter.com) годинава ја започна со продолжување на зимската распродажба, а сега на посетителите и купувачите им нуди дизајнерски модели со попуст и до 80%. Меѓу дизајнерските модели може да се најде сè, од зимски модели како палта и чизми, преку безвременски класици како блејзери, маици и мали црни фустани, до модели кои ќе бидат совршен почеток за сезоната пролет и лето.
Нет-а-портер дополнително ги намали неколку од најпопуларните модели со потпис на дизајнер. Парчиња облека и модни додатоци потпишани од најголемите модни куќи, дизајнери и брендови како Burberry, Stella McCartney, Dodo Bar Or и Munthe се со респектабилни намалувања.
Нет-а-портер со бројни акции и примамливи понуди е една од најголемите и најдобрите онлајн продавници што ги обединува најдобрите модни куќи, дизајнери и брендови на едно место, но исто така и некои од највозбудливите нови модни имиња чие време допрва доаѓа.
Издвоивме само неколку дизајнерски, а остатокот од понудената облека и модни додатоци што на попустот на Нет-а-портер можете и самите да ги пронајдете./M.M.