МодаТрендови

Naomi Campbell е новата муза на Burberry за TB Summer Monogram колекцијата

Burberry

Моќна, но смирена, Naomi Campbell стои крај волшебна структура што спојува природа и машина, крај скулптура на школка што се издигнува над зафатената околина на морето. Со CGI технологијата, направена е минималистичка реинтерпретација на крајбрежниот простор, што се претвора во дигитално царство, во кое главниот креативен директор на Burberry, Riccardo Tisci, со иконската Naomi Campbell, ја открива еволуцијата на својата TB Summer Monogram колекција за да го прослави духот на летото.

 

За промоција на TB Summer Monogram колекцијата на Burberry, Riccardo Tisci ја покани својата долгогодишна пријателка Naomi. Кога ја лансираше својата прва TB Summer Monogram колекција, во 2019 година, соработуваше со Gigi Hadid, а за втората колекција, реализирана лани, со моделот Kendall Jenner.

Третата TB Summer Monogram колекција, според зборовите на авторот, претставува рамнотежа на нашето наследство со неговото значење за иднината.  За кампањата на колекцијата беше ангажиран визуелниот уметник, за да ја пренесе визијата на авантурата и на ведрината што со себе ја носи магијата на летото. Naomi Campbell, во кусиот филм е во футуристички сон – на море, во летна спортска колекција.

Burberry

„Волшебно е да се работи со Riccardo. Секогаш има уникатна визија и постојано успева да извади друг аспект од мене, охрабрувајќи ме да правам работи што мислев дека неможам да ги направам. Да се работи за Burberry секогаш е чест .” рече Campbell.

Колекцијата, посветена на основачот Thomas Burberry, овој пат е во нијансите на кобалтно сина, длабоко кралско сина и сива. Дизајнот е испечатен на лесна летна оболека: свилени сатенски фустани, свилени куси шорцеви, како и костими за капење. Колекцијата има и машка облека: од поло маици и свилени кошули со кратки ракави до кратки шорцеви./M.M.

Burberry

Burberry

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.