Mukaab ќе биде нова глобална икона на технологијата, одржливоста, мобилноста и на саудиските иновации, со која се предвидува отворање на 334,000 нови работни места.
Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Mohammad bin Salman bin Abdulaziz, го претстави Мукаб ( Mukaab), идниот супер-град во центарот на Ријад. Со висина од 400 метри, широчина и должина доволно голема да собере 20 Empire State Buildings, се очекува гига-проектот да стане нова глобална икона на технологијата, одржливоста, мобилноста и саудиските иновации.
Развојот на Mukaаb се планира како нова централна област во главниот град на Саудиска Арабија. Проектот опфаќа простор од 19 квадратни километри нна кој ќе се изградат над 100.000 станбени единици, 9.000 хотелски соби, 980.000 квадратни метри продавници и 1,4 милиони квадратни метри деловен простор.
Се очекува дека проектот ќе создаде 334.000 работни места директно и индиректно и ќе додаде околу 48 милијарди американски долари на националниот БДП.
Владата на Саудиска Арабија предвидува проектот ќе биде завршен до 2030 година.
На својот твитер налог Принцот објави дека во центарот на Мукааб ќе биде спирална база, која ќе се состои од „премиум угостителски единици“, малопродажни простори и туристички атракции. Ќе има и повеќе од 80 места за забава и култура, театар, музеј, како и универзитет за технологија и дизајн. Изјавата ја следи и видео претставувањето на идниот Mukaab :