Mugler го претстави вториот дел од својата колекција за пролет/лето 2021 година. Првиот дел е преставен во октомври лани, а ваквото двостепено промовирање е дел од новата стратегија на модната куќата што им овозможува на малопродажните партнери да купуваат и продаваат колекцијата во два дела.
Колекцијата е презентирана преку шест минутен филм во кој се појавуваат: Bella Hadid, Irina Shayk, Alek Wek и Hunter Schafe. Во белешките за модното шоу се истакнува дека колекцијата ја поседува динамичната енергија на Mugler во која ништо не е забрането. Уникатната претстава, односно вториот дел од колекцијата на Mugler во целина може да се проследи на следниов линк:
Casey Cadwallader е американски моден дизајнер кој од 2018 година е креативен директор во Mugler. Фокусиран е на зајакнување на духот, како и на сржта на брендот. Неговите колекции се концентрирани на скулпторско кроење, со мешавина на фикција и градење силуети.
Според него „Важно е да се направат модели што ќе предизвикаат скандал или вџашување на публиката, односно на гледачите. На тоа е изградена оваа модна куќа. Затоа и многу млади сакаат да го купат Mugler сега. Се обидувам да ја направам вистинската работа за вистинската цена “, објасни тој, посочувајќи им на експресивните парчиња направени од рециклирана ликра што нема да ги испразнат паричниците на идните купувачи. Се прави обид и да се направи нов израз на спортската облека преку нејзино поврзување со долна облека. Земете го, на пример, моделот што го носи Bella Hadid, што е паметна комбинација на технологија на ткаенина и илузија. Направен е од супер-растеглива мрежа која не само што го ваја и го измазнува телото, туку и целосно исчезнува под кој било тон на кожата, вели Cadwallader. Идејата за облекување во форма е вградена во овие облеки и има големо внимание на технологијата на ткаенината. Јас славам различни форми на тело “.
Casey Cadwallader истакнува и дека правењето на модното видео било забавно: „Отсекогаш сум сакал модели да провалат нешто на модната писта, но кога е ревијата во живо, тоа е многу ризично. Кога правите филм, можете да се плеткате, да играте и да уредувате. Како на пример да ја „премотате“ ревијата наназад и да го претставите целото шоу наназад, како што впрочем и во филмот што е направено.
А која е најдобрата вест? Само што ја преселивме куќата во модел „види сега купи сега“, сето тоа е достапно за купување во моментов./М.М.