Мовембер е водечка хуманитарна организација, создадена со цел да се бави со машкото здравје, дејствувајќи на глобално ниво
Препознатлива по симболот – мустаките, своите хуманитарни активности ги насочува кон заштитата на менталното здравје и превенција на самоубиствата, како и на борбата против канцерот на машките репродуктивни органи. Движењето постои од 2003 година, станува сѐ попопуларно и придонесува кон создавање на свесноста за превентивно дејствување и грижа за машкото здравје.
Од година во година, кај нас расте бројот на невладини организации, јавни институции и поединци кои сакаат да помогнат во кампањата во која се вклучуваат јавни личности: спортисти, јавни личности, актери, модни креатори, стилисти, лекари…. Веќе традиционално, на крајот на месецот, се организира голема добротворна забава и на тој начин се завршува овој настан.
Мовембер го менува односот кон мустаќите од симбол на машкост, во симбол на машкото здравје, во време кога отворено се зборува за промена на ставови и значењето на превентивата.
Придружувајќи се кон борбата за машкото здравје, Мода Мода ќе ги следи и одбележува годинешните настани, особено поради навестувањето дека поради ковид пандемијата повеќето од нив ќе се без вообичаените настани, но и во други медиуми.
Поддршката на Mовембер меѓу членството на Lions-ите на Дистриктот 132 Македонија се остварува низ организација на хуманитарни настани со пригодни предавања за машкото здравје. Авицена лабораторија има досега поделено и ваучери за попуст на соодветни анализи, а Градот Скопје со неколкуте свои успешни организации Мовембер го внесува во мапата на градските настани.
Иако се одбележува неколку години, ова движење кај нас е видливо последните две години. Се одржува во неколку градови во Македонија, вклучувајќи ги Скопје, Битола, Велес и Ресен. Мовембер Македонија иако неодамна се придружува на светското семејство, веќе има многу поддржувачи и донатори. Минатата година, Драмски театар и Театар Комедија, во чест на Мовембер играа претстави од кои дел од заработувачката отиде како прилог за здружението. Од година во година, во Македонија расте и бројот на доброволци кои сакаат да помогнат, вклучувајќи многу спортисти, јавни личности, актери, спонзори, модни креатори, креативци, лекари и пратеници. Веќе традиционално, на крајот на месецот, се организира голема добротворна забава.